• сабота, 23 ноември 2024

Активности во рамки на проектот „Роботика и инклузија на ученици со попреченост во специјалното образование“

Активности во рамки на проектот „Роботика и инклузија на ученици со попреченост во специјалното образование“

Скопје, 9 април 2024 (МИА) - Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, е домаќин на вториот проектен состанок и обуката на наставници, во рамки на меѓународниот „Еразмус +“ проект - „Роботика и инклузија на ученици со попреченост во специјалното образование“, информираат од овој универзитет.

Состанокот кој започна вчера а ќе трае до петок, ќе се одржува во Тренинг центарот на УГД - Правен факултет.

- За денеска се предвидени изјави за медиумите во периодот од 12.30 до 13 часот. Планирани се активности со лего роботи од ученици од „Стем роботика“, кои ќе работат со учениците со попреченост од училиштето за специјално образование „Искра“ - Штип, појаснуваат организаторите.

Како што е најавено, ќе се зборува за постигнатите резултати од проектот, очекуваните резултати, изработката на првиот македонски робот за поддршка на учениците со попреченост во наставата, како и најава за меѓународната едукативна програма за професионален развој на наставници. бд/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан