• сабота, 28 декември 2024

Активистка од Шведска со електричен велосипед пристигна на КОП27 во Египет

Активистка од Шведска со електричен велосипед пристигна на КОП27 во Египет
Каиро, 14 ноември 2022 (МИА) - Седумдесет и двегодишната Дороти Хилдебрант со електричен велосипед помина неколку илјади километри од Шведска до Шарм ел-Шеик во Египет, каде се одржува климатскиот самит КОП 27 (COP27), со цел на светските лидери да им ја пренесе пораката: „Запрете ги климатските промени“. За да дојде до нејзината дестинација ѝ биле потребни четири месеци. Таа ја преминала цела Европа, дел од Блискиот исток, додека да стигне до Шарл ел-Шеик, на југот на Синајскиот полуостров. Хилдебрант во Египет пристигна пред една недела, а се смести кај нејзина блиска личност, на 15 километри од местото каде се одржува КОП27, јавија дел од светските медиуми. Во саботата беа одржани поголеми демонстрации поради климатските промени, ден откако американскиот претседател Џо Бајден пристигна на самитот. бд/паг/

Остани поврзан