• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Активистите на Црвениот крст во Гостивар одбележаа 80 години од формирањето

Активистите на Црвениот крст во Гостивар одбележаа 80 години од формирањето

Гостивар, 28 февруари 2025 (МИА) – Организацијата на Црвениот крст на РСМ на пригоден собир под мотото „Ние гледаме луѓе“ во Гостивар ги одбележа осумте децении од формирањето во нашата земја. Низ презентација на активностите, изложбата, гостите меѓу кои имаше и претставници на локални институции и организации се запознаа со особеностите и делувањето на една од најстарите хуманитарни организации. На истакнатите членови и поддржувачи им беа доделени јубилејни плакети и признанија.

Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити напомена дека соработката со локалната самоуправа е важна бидејќи, како што рече, оваа работа бара посветеност и доверба. Тој посочи дека Општинската организација на Црвениот крст во Гостивар е една од најактивните со многу волонтери и активни членови, но и со многу активности низ годината.

- Низ вакви средби сакаме да се заблагодариме и на нашите соработници и локалните самоуправи за поддршката. Особено нè радува што младите ни се придружуваат и како волонтери издвојуваат време за активности. Тоа ни дава надеж дека Црвениот крст има иднина и ќе опстои, рече генералниот секретар Саити.

За пружената помош и соработка од Црвениот крст благодарност изразија претставниците на здруженија на лица со посебни потреби и пензионери.

Претседателот на ОО Црвениот крст Гостивар Бесник Зеќири во обраќањето напомена дека во општинска организација имаат над 200 членови, а на годишно ниво имаат триесетина крводарителски акции и покрај обуките за давање прва помош, во Гостивар се обучуваат лични асистенти за лицата со посебни потреби. згм/мд/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан