• четврток, 26 декември 2024

Активиран системот за самоуништување на „Спејс Икс“ за да спречи ракетата “Ѕвезден брод“ да скршне од курсот

Активиран системот за самоуништување на „Спејс Икс“ за да спречи ракетата “Ѕвезден брод“ да скршне од курсот

Вашингтон, 18 ноември 2023 (МИА) – „Спејс Икс“ (SpaceX) денеска соопшти дека биле принудени да го активираат системот за завршување на летот за да се спречи џиновската ракета „Ѕвезден брод“ (Starship), со која беше изгубен контакт на осум минути по лансирањето, да скршне од курсот.

Си-Ен-Ен ја пренесе изјавата на компанијата која наведе дека не можеле да примаат податоци од втората фаза на „Ѕвездениот брод“ и затоа ја активирале функцијата за самоуништување, по што ракетата експлодирала.

Новата џиновска ракета на „Спејс Икс“ денеска беше ланирана од американската држава Тексас како дел од вториот пробен лет, седум месеци откако првиот обид заврши со експлозија.

Ракетата „Ѕвезден брод“ долга 121 метар полета над Мексиканскиот залив, а целта била да се одвои телото на ракетата од горивниот дел и да се испрати во вселената.

“Спејс Икс“ имаше за цел на височина од 150 милји (240 километри) за да го испрати леталото околу светот пред да се спушти во Пацификот, во близина на Хаваи, на околу час и половина по полетувањето, без да ја мине целата орбита, јавуваат американските меидуми.

„Ѕвездениот брод“ е најголемата и најмоќната ракета што некогаш била направена. Нејзиниот прв лет во април траеше само четири минути, а остатоците од авионот паднаа во морето.

Оттогаш, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск направи десетици подобрувања на ракетата и нејзините 33 мотори, како и на лансирната рампа. сд/

фото:Х

 

#Starship launch! pic.twitter.com/mrRU5Uu9TG

— Amazing Space (@AmazingSpace2) November 18, 2023

Остани поврзан