• понеделник, 26 август 2024

Активен пожарот кај Бељаковце

Активен пожарот кај Бељаковце

Куманово, 5 септември 2023 (МИА) - Пожарот во поширокиот кумановски регион е активен во атарот на село Бељаковце и се разгорува поради ветерот, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Дел од пожарот не е изгаснат.

- И покрај дејствувањето на полицискиот хеликоптер кој се повлече поради тоа што веќе не се гледа. Ќе се обидеме со пожарникари да се пробиеме и да го изгаснеме, но не сум оптимист, изјави Ангелов.

И во липковско Ваксинце има два пожари во кои е зафатена поголема површина.

Пожарот кој попладнево избувна во Руѓинце се префрли во Бељаковце. Зафатена е поголема површина на стрништа, сува трева, шума, изгоре помошен објект и напуштена куќа. Покрај хеликоптерот на МВР, пожарот го гасеше Ер трактор на Дирекција за заштита и спасување како и противпожарни екипи на неколку општини, Старо Нагоричане, Куманово, Кратово и Ранковце.ам/свс

Фото: МИА архива

видео: фејсбук Стојанче Ангелов

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан