• среда, 18 декември 2024

Аксл Роуз постигна спогодба за тужбата за сексуално злоставување од манекенката Шила Кенеди

Аксл Роуз постигна спогодба за тужбата за сексуално злоставување од манекенката Шила Кенеди

Њујорк, 5 декември 2024 (МИА) - Пејачот на хеви-метал групата „Ганс-ен-роузис“, Аксл Роуз постигна спогодба по тужбата за сексуално злоставување што против него ја поднесе поранешната манекенка Шила Кенеди.

Според информациите објавени во списанието „Пипл“ (People), договорот бил постигнат деновиве, скоро девет месеци откако адвокатскиот тим на Роуз се обиде да ја отфрли тужбата. Во неа, Кенеди тврди дека Роуз сексуално ја нападнал во хотелска соба во Њујорк, САД, во 1989 година.

Кенеди ја поднесе тужбата против пејачот лани во ноември.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан