• среда, 25 декември 2024

Аксиос: Американската министерка за финансии подготвува нови санкции за Иран

Аксиос: Американската министерка за финансии подготвува нови санкции за Иран

Вашингтон, 16 април 2024 (МИА) - Американската министерка за финансии, Џенет Јелен, подготвува нови санкции против Техеран, како одговор на иранскиот напад врз Израел во текот на викендот, објави денеска американскиот портал Аксиос.

„Министерството нема да се двоуми да работи со нашите сојузници да ги искористи санкциите како можност да продолжи да го попречуваме малигниот ирански режим и нивните дестабилизирачки активности“, се наведува во текстот на документот што Јелен денеска ќе го прочита пред американската јавност, а до кој Аксиос имал претходен пристап.

Во текстот од изјавата на министерката се истакнува дека нападот од Иран и неговите помагачи ја нагласува важноста на Министерството за финансии да користи економски мерки за да се спротивстави на „злонамерните активности на Иран“, пренесуваат британските медиуми.

Јелен претходно истакна дека иранските акции ја загрозуваат стабилноста на Блискиот Исток и можат да предизвикаат економски проблеми, додавајќи дека САД ќе ја искористат можноста за санкции и ќе соработуваат со сојузниците.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан