• четврток, 26 декември 2024

Ако детето е осамено и нервозно, купете куче

Ако детето е осамено и нервозно, купете куче
Лос Анџелес, 25 август 2020 (МИА)Последиците што изолацијата и социјалната оддалеченост поради пандемијата на коронавирусот ги имаат кај луѓето ширум светот, допрва ќе бидат предмет на научни истражувања. Сепак, последиците од овие мерки за децата веќе може да се видат... Според педијатрите од Центарот за развој на деца во Санта Моника, во Калифорнија, друштвеното оддалечување го нарушува квалитетот на животот на децата и ги прави поосамени, нервозни, исплашени. - Пандемијата и придружните мерки кај многу деца предизвикуваат социјална траума, што се манифестира со силно чувство на несигурност, страв и вознемиреност. Несоница, кревко спиење, тешкотии при концентрирање, ненадејни испади на бес и лутина, тешкотии во решавањето на задачи - сѐ тоа е присутно. Во едно истражување кое опфати дури 1.646 домаќинства во Калифорнија, откривме дека во оние семејства каде што има и куче, малите деца имаат помала веројатност да имаат проблеми со однесувањето, објаснува психотерапевтката Мајра Мендез за „Пет магазин“. Според неа, децата кои растат со кучиња имаат поразвиени социјални вештини. - Грижата за домашните миленици развива чувство на одговорност кај самото дете, а безусловната љубов ги прави помалку осамени и поотворени за разговор, додава таа. си/сд/

Остани поврзан