• петок, 27 декември 2024

Акар: Ја спроведуваме Конвенцијата од Монтре за премин на воени бродови низ Босфорот

Акар: Ја спроведуваме Конвенцијата од Монтре за премин на воени бродови низ Босфорот
Анкара, 10 мај 2022 (МИА) - Ниту еден воен брод од држава што не е во црноморскиот регион, нема поминато низ Босфорот од почетокот на украинската криза, изјави денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Акар. - Во согласност со Конвенцијата од Монтре, ги информиравме сите земји, во никој случај да не ги испраќаат своите воени бродови низ Босфорот, до денеска нема таков премин, подвлече тој во интервју за ТВ каналот Хабертурк. Министерот истакна дека официјална Анкара јасно и недвосмислено побарала сите држави да се држат до Конвенцијата од Монтре, со цел да се обезбедат мирот и стабилноста во регионот. - Продолжуваме да се држиме до принципиелниот став за обезбедување мир и стабилност во регионот на Црното Море. Се противиме басенот на Црното Море да стане арена на ривалство, нагласи Акар. бд/сд/

Остани поврзан