• сабота, 23 ноември 2024

Академија Пандев му се заблагодари на тренерот Стојчев

Академија Пандев му се заблагодари на тренерот Стојчев
Струмица, 4 септември 2022 (МИА) – Струмичкиот фудбалски прволигаш Академија Пандев вечерва го отпушти тренерот Ѓорѓи Стојчев. Струмичани денес во натпревар од 6.коло на свој терен загубија од Струга ТЛ со 3:0. На официјалниот клупски Фејсбук стои: „Ти Благодариме Стојчев“. На првите пет настапи во тековната сезона, Академија Пандев освои седум бодови и е на петтот место. Академија Пандев во сезоната 2022/23 влезе со поголеми амбиции од сегашниот ефект – помалку од 50 отсто освоени бодови. зс/

Остани поврзан