• четврток, 26 декември 2024

Академик Миќуновиќ избран за почесен член на Меѓународната Академија „Михаил Еминеску“ во Романија

Академик Миќуновиќ избран за почесен член на Меѓународната Академија „Михаил Еминеску“ во Романија
Охрид, 25 јуни 2022 (МИА) – Академикот Миле Д. Миќуновиќ, доктор на медицински науки, професор, специјалист по урологија, експерт – рецензент, поет и публицист од Охрид е избран за почесен член на Меѓународната Академија „Михаил Еминеску“ во Крајова, Романија. Титулата за неговото книжевно творештво и творечко учество му е врачена на фестивалот на поезијата на меѓународната академија „Михаил Еминески“. Извршниот комитет му додели и награда за перформативна медицина и медал „Михаил Еминеску“ за неговите заслуги во национална и глобална културна дејност. Академик Миќуновиќ докторирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Белград и се стекнал со титула „доктор на медицински науки“. Работел во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. Бил вонреден професор на универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола по хирургија и полово образование. Неговото животно мото е: „работи, заврши, објави“, а за оние кои сакаат критизерски да се однесуваат за делата, ги потсетува на познатата латинска поговорка: „Faciant meliora potentes“ („Оние што можат, нека направат подобро“). Автор на 116 книги, објавил 443 научни и стручни трудови, 10 универзитетски книги, над 50 колумни во дневен печат и 105 популарни статии. Редовен член е во Европската Академија за науки и уметност во Салцбург од областа на медицината, а добитник е на многу награди и признанија.сс/бт/

Остани поврзан