• понеделник, 23 декември 2024

Аирбнб: Бесплатно сместување за 100.000 украински бегалци

Аирбнб: Бесплатно сместување за 100.000 украински бегалци
Вашингтон, 28 февруари 2022 (МИА) - Компанијата за изнајмување сместувачки капацитети, Аирбнб, објави денеска дека нејзината непрофитна организација, Аирбнб.орг, ќе им понуди бесплатно привремено сместување на, најмногу, сто илјади украински бегалци. Водачот Брајан Чески и претседателот на организацијата испратија писма до лидерите на Полска, Романија, Германија, Унгарија, со понуда за помош за сместување бегалци. Најмалку триста илјади украински бегалци влегоа во Европската унија од почетокот на руската инвазија врз земјата. Според високи претставници на ЕУ и на Франција, Унијата се подготвува за милиони бегалци. Престојот ќе биде финансиран од Аирбнб, донатори од фондот за бегалци на Аирбнб.орг, како и нејзините домаќини. бд/сд/
 
 

Остани поврзан