• сабота, 28 декември 2024

Азиска банка за развој: Царините за јаглерод во ЕУ ќе им наштетат на азиските земји во развој

Азиска банка за развој: Царините за јаглерод во ЕУ ќе им наштетат на азиските земји во развој

Женева, 26 февруари 2024 (МИА) - Планот на Европската унија за воведување царини за увоз на производи со висока содржина на јаглерод може да им наштети на азиските земји во развој и веројатно нема значително да ги намали емисиите на стакленички гасови, објави Азиската банка за развој (АДБ).

Механизмот за прилагодување на границите на јаглеродот (ЦБАМ) беше воведен за да се затвори „дупката“ во европскиот систем за тргување со емисии отворена со преместување на производството во странство. Како резултат на тоа, големи делови од синџирот на снабдување на ЕУ се извлекоа од трговскиот систем, а резултатот е „истекување на јаглерод“.

ЦБАМ треба да гарантира еднакви услови за сите компании и да ги принуди странските добавувачи да плаќаат иста цена на јаглерод како и домашните, дури и ако не подлежат на ETС или данок на јаглерод во нивните матични земји.

АДБ очекува ЦБАМ да го намали азискиот извоз во ЕУ, особено од Западна и Југозападна Азија, а најверојатно ќе „страда“ индискиот извоз на челик, се наведува во извештајот.

ЦБAM би можел да собере околу 14 милијарди евра до 2030 година, а овие приходи треба да се искористат за финансирање проекти поврзани со климатските промени во земјите во развој со цел да се декарбонизира производството. паг/

Фото: ЕПА

 

 

 

Остани поврзан