• четврток, 19 декември 2024

Азири: АА ќе ги чека резултатите од Самитот на ЕК, па потоа ќе бара предвремени избори

Азири: АА ќе ги чека резултатите од Самитот на ЕК, па потоа ќе бара предвремени избори
Скопје, 2 јуни 2022 (МИА) - Имаме најавено дека после датумите 22 и 23 јуни, Алијансата за Албанците ќе излезе со свој проект и предлог за своите активности како и досега, но динамизирани, за да ја извади вистината на површина, да им ја понуди на граѓаните својата понуда и да бара предвремени парламентарни избори, истакна на денешната прес-конференција во Собранието пратеникот на АА Ељми Азири. - Граѓаните се сведоци дека и меѓународните претставници во земјава почнале многу гласно да зборуваат за степенот на политизираност на институциите, особено на судските, за високата корупција, за неподготвеноста на институциите да се борат со корупцијата и слично, тоа се доволни работи и Алијансата за Албанците да бара предвремени парламентарни избори. Јавноста е информирана дека Алијансата за Албанците го почитува тензичното ниво на регионални и глобални настани и во овој контекст, му дадовме приоритет на Самитот на Европската комисија што ќе се одржи на 22 и 23 јуни. Нашите молитви до Република Бугарија се да го тргне ветото и да даде силен надежен сигнал за граѓаните на Република Северна Македонија дека вратите на Европската унија се отворени за граѓаните на оваа земја и за целата земја во целост, рече Азири.фф/лв/

Остани поврзан