• петок, 27 декември 2024

Азески со тим од Комората во посета на „Булмак 2016“, концесионер на рудниците „Злетово“ и „Тораница“

Азески со тим од Комората во посета на „Булмак 2016“, концесионер на рудниците „Злетово“ и „Тораница“

Скопје, 12 октомври 2022 (МИА) - Делегација на Стопанската комора на Северна Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески, денеска ќе ја посети компанијата „Булмак 2016“ Пробиштип, дел од Минстрој Холдингот, кој е концесионер на рудните наоѓалишта „Злетово“ и „Тораница“.

-Тимот од Комората ќе има средба со менаџментот на компанијата „Булмак 2016“, со цел да се запознае со работата на рудниците во услови на енергетска криза и да даде поддршка при адресирањето на мерките кои му се потребни на стопанството, информираат од Стопанската комора на Северна Македонија.

Компанијата „Булмак 2016“, каде работат 800 лица, е меѓу 10-те најголеми потрошувачи на електрична енергија, кои се наоѓаат на слободниот пазар и кои учествуваат со 20 отсто во вкупната потрошувачка на енергија. дма/aa/

Остани поврзан