• недела, 24 ноември 2024

Азески на средба со австралискиот амбасадор Данијел Емери

Азески на средба со австралискиот амбасадор Данијел Емери
Скопје, 23 ноември 2022 (МИА)Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, денеска се сретна со амбасадорот на Австралија во Република Северна Македонија со седиште во Белград, Данијел Емери, со кого разговараа за економската соработка помеѓу двете земји. Како што соопштија од Стопанската комора, на состанокот бил потврден заедничкиот интерес за натамошно унапредување на билатералната соработка со Австралија при што претседателот Азески најавил и инцијатива за засилување на економската соработка, преку Коморскиот инвестициски форум (КИФ), кој веќе има обезбедено заеднички настапи на компаниите од регионот на саемите во Мостар, Тирана и Дубаи со 100 проценти платени трошоци. На средбата, Азески го информирал амбасадорот Емери за проектите коишто во моментот се реализираат во Комората, при што нагласил дека во фокусот на активностите е оспособување на кадар за стопанството на сите нивоа, преку дуалното образование и прекфалификација на постоечките кадри во државата. Истовремено Азески ги потенцирал и заложбите на Комората во надминување на предизвиците со кои се соочуваат компаниите во услови на енергетска криза. Од страна на амбасадорот Емери било констатирано дека во нашата земја веќе има австралиски инвеститори, но и оти има услови за натамошно унапредување на економската соработа. Азески и Емери разговарале и за регионалните активности на Комората преку Опен Балкан и Коморскиот инвестициски фонд, кој е основан од страна на шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан со цел да се интензивира соработката помеѓу коморите во насока на спроведување на заеднички активности кои се од интерес за бизнис-заедницата од регионот. Соговорници размениле мислења и за актуелните меѓународни прашања и регионални теми. сст/дма/

 

Остани поврзан