• среда, 25 декември 2024

Азески: Министрите за образование и здравство се најважни фигури, да не бидат монети за поткусурување при составувањето влада

Азески: Министрите за образование и здравство се најважни фигури, да не бидат монети за поткусурување при составувањето влада

Скопје, 13 декември 2024 (МИА) - Кога министрите за образование и за здравство ќе станат важни фигури во нашиот политички живот, тогаш можеме да кажеме дека сме успеале. Додека велиме дека тоа се министерот за одбрана, за надворешни или внатрешни работи, ние сме во минатото. Не може тие две значајни функции од кои зависи се во општеството, да бидат тртетирани како монети за поткусурување во преговорите за составување влада - таму каде што нема, ќе дадеме од образование, па ќе смениме. Напротив, тие две фигури треба да бидат најзначајни, порача денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.

Како што истакна Азески на настанот во врска со дуалното образование, досега во земјава за 31 година се смениле 25 министри што е 1,2 години просечен мандат по министер.

-Па што ќе направи тој за тоа време? Треба да се менува системот, основата на општеството. Ова е прашање кое сакале ние или не, ќе не притиска. Така ќе дојдеме во ситуација да го признаеме тоа и да учествуваме сите во тој процес и да бидеме среќни, рече Азески.

Тој уште еднаш кажа дека како претседател на најголемата бизнис асоцијација бара на секои шест месец да се врши темелна анализа на системските закони - како се спроведуваат и дали ги даваат очекуваните резултати.

-Ако не, тоа да се корегира. На тој начин, штетите за бизнисот и државата, како и остварувањето поголем профит и додадена вредност, ќе стане она што сите сакаме - фирмите ќе создаваат профит, а Владата ќе се гордее со успесите и растот на БДП. Тоа е толку просто и едноставно, а го комплицираме со оправданија кои се само за да не се постигне основната цел, напомена Азески.

Го повтори и ставот дека Комората не треба да биде паралелен орган на власта, туку треба директно да им помага на компаниите. како Комора, пред десет години го почнавме процесот за дуално образование, изучување вештини, а не општо-образовни програми. Ако тоа се примени на високото образование, ќе добиеме уште повеќе. Не се срамиме да кажеме дека немам искуство, претходниот систем создаваше кадри кои ја промашуваа целта, но сега да направиме нов модел што ќе даде резултати. Високо образовните кадри се тие што ги насочуваат активностите, што го отвораат патот и ги рушат бариерите кон подобар стандард. Образованието е темел на државата, а она што ние најмногу можеме да испорачаме е создавање потребен кадар, врска меѓу бизнисот и образованието, порача Азески.

Претседателот на Комората повторно укажа и на потребата од вклучување на бизнисот во конципирањето на законите, а не само во да давањето мислење за донесените закони.

-Така сме постојано во судир со тие што ги креирале законите. Едно е да учествуваш во конципирање, а друго да се произнесесн а готов производ, подвлече Азески. мч/са/

фото/видео: МИА 

 

Остани поврзан