• вторник, 20 јануари 2026

Азербејџан почна да испорачува природен гас за Германија и Австрија

Азербејџан почна да испорачува природен гас за Германија и Австрија

Баку, 16 јануари 2026 (МИА) – Азербејџан за првпат почна да испорачува природен гас за Германија и Австрија, се наведува во денешното соопштение на државната енергетска компанија на Азербејџан, SOCAR.

Гасот од Азербејџан тече преку Трансјадранскиот гасовод (TAP), кој се протега од грчко-турската граница преку Грција и Албанија до јужна Италија, од каде што се транспортира понатаму на север, пренесува порталот Azer News.

Испораките за Австрија и Германија ќе се вршат преку Италија, што дополнително ја зајакнува улогата на таа земја како клучен гасен центар. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан