• недела, 24 ноември 2024

Азербејџанските сили уништија 200 тенкови и оклопни возила на ерменската армија

Азербејџанските сили уништија 200 тенкови и оклопни возила на ерменската армија
Баку, 1 октомври 2020 (МИА) - Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека најмалку 200 тенкови и оклопни возила на ерменската армија биле уништени за време на четиридневните судири, јави агенцијата Анадолија. „Уништени се и 228 топовски и ракетни системи, 30 системи за противвоздушна одбрана, шест командни зони и набљудувачки пунктови, пет складишта за муниција, 110 воени возила и еден ракетен систем С-300“, се наведува во соопштението. Ерменските сили изведоа нови напади врз азербејџанските населби и позиции во неделата наутро, а азербејџанските сили одговорија со напади врз ерменските позиции. Ерменските власти тогаш прогласија општа мобилизација и воена состојба поради конфликтот во регионот Нагорно Карабах, а азербејџанските власти исто така прогласија воена состојба за 19 области, вклучувајќи го и главниот град Баку. Од 1991 година, ерменската армија незаконски го окупира Нагорно-Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан. Четири резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации и две резолуции на Генералното собрание на ООН, како и многу меѓународни организации, бараат повлекување на окупаторските ерменски сили од Нагорно Карабах и седум други окупирани азербејџански региони. паг/    

Остани поврзан