• недела, 27 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Азербејџанскиот претседател Алиев пристигна во работна посета на Турција

Азербејџанскиот претседател Алиев пристигна во работна посета на Турција

Анталија, 10 април 2025 (МИА) - Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев денеска пристигна во работна посета на Турција на покана на неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган, јавија азербејџанските медиуми.

Алиев ќе учествува на четвртиот Дипломатски форум, што ќе се одржи од 11 до 13 април во градот Анталија.

На меѓународниот аеродром во Анталија, претседателот Илхам Алиев и првата дама Мехрибан Алиева беа пречекани од гувернерот на Анталија, Хулуси Шахин и други официјални лица.

На форумот ќе присуствуваат шефови на држави и влади, министри за надворешни работи, собраниски спикери, генерални секретари на меѓународни организации, научници, експерти и студенти. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан