• сабота, 23 ноември 2024

Азербејџанската армија се доближи на пет километри од Шуши

Азербејџанската армија се доближи на пет километри од Шуши
Баку, 29 октомври 2020 (МИА) – Азербејџанската армија денеска се доближи до клучниот град во Нагорно Карабах по еден месец интензивни судири со ерменската армија, додека дипломатите од двете земји се подготвуваат за посериозни разговори за ставање крај на конфликтот околу спорната територија. Лидерот на Нагорно Карабах, Арајик Хартјуњан, рече дека азербејџанските сили се приближиле на пет километри од стратешки важниот град Шуши и ги повика жителите да се мобилизираат за да го одбијат нападот. - Оној што го контролира Шуши го контролира Нагорно-Карабах. Мора да го сфатиме тоа и да го браниме Шуши. Мораме да ја свртиме ситуацијата во наша корист, рече Хартјуњан во видео порака од градската црква, која беше сериозно оштетена од гранатирање од азербејџанската страна. Шуши е на само пет километри јужно од главниот град на Нагорно Карабах, Степанакерт. јт/

Остани поврзан