• среда, 25 декември 2024

Азар повторно со критики кон СЗО

Азар повторно со критики кон СЗО
Вашингтон, 18 мај 2020 (МИА) - Американскиот министер за здравство Алекс Азар на денешната видео-конференцијата организирана од СЗО изјави дека Организацијата не успеала да ги обезбеди информациите што му биле потребни на светот и оти нејзиниот неуспех е „платен“ со голем број човечки животи. - Мораме да бидеме искрени за една од главните причини зошто епидемијата (на коронавирусот) излезе од контрола, рече Азар, потенцирајќи дека причината за тоа е фактот дека СЗО не успеала да ги обезбеди информациите што му биле потребни на светот. Азар ниту еднаш не ја спомна Кина како одговорна, но истакна дека СЗО ја смета за подеднакво одговорна. Американскиот претседател Доналд Трамп го прекина финансирањето на СЗО, обвинувајќи ја дека била премногу фокусирана на Кина, додека Пекинг го критикуваше поради недостигот на транспарентност во раните фази на кризата со коронавирусот. јт/

Остани поврзан