• сабота, 21 декември 2024

Азар: Не сакав да одам некаде да играм само за пари

Азар: Не сакав да одам некаде да играм само за пари

Париз, 19 октомври 2023 (МИА) - Поранешниот играч на Реал Мадрид и Челзи, Еден Азар објасни зошто решил да стави крај на професионалната кариера.

- Нема да кажам дека беше тешко да се донесе одлука да ја завршам кариерата. Размислував некое време, па ми стана полесно. Имам толку многу работи надвор од фудбалот што можев мирно да ја донесам одлуката. На ова веќе размислував кога ја завршив кариерата во белгиската репрезентација. Поминував низ тежок период во Реал Мадрид. Секогаш велев дека ќе завршам штом престанам да се забавувам на теренот. Не сакав да одам некаде да играм само за пари. Ова беше најдобрата одлука. Не уживав повеќе да тренирам... И не играв повеќе. Одлуката беше едноставна, изјави Азар за „L’avenir“.

На 10 октомври, 32-годишниот Азар на своите социјални мрежи објави дека се пензионира. Тој изјави дека е неопходно да може да се запре во вистински момент.

Азар играше за Лил, Челзи и Реал Мадрид. Како репрезентативец на Белгија, тој стана бронзен медалист на Светското првенство 2018 година. Фудбалерот има 33 гола и 36 асистенции во 126 натпревари за националниот тим. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан