• сабота, 23 ноември 2024

Азаренка го напушти својот натпревар на „Ролан Гарос“ поради студеното време

Азаренка го напушти својот натпревар на „Ролан Гарос“ поради студеното време
Париз, 27 септември 2020 (МИА) - Скандал изби на самиот почеток на Гренд-слем турнирот „Ролан Гарос“. Ова се случи за време на женскиот натпревар помеѓу поранешната број 1, Викторија Азаренка и Данка Ковиниќ. А, причината беше студеното време во Париз. Двете тенисерки беа добро облечени, но беа видливо попречени од временските услови и по само 3 гема, при првата пауза, Азаренка сакаше да разговара со надзорникот затоа што времето се влошуваше и судијата не го прекина натпреварот. Надзорникот, кој чекаше дополнителни упатства од судијата на турнирот, ја повика Азаренка да почека уште неколку минути на теренот за да види дали ќе помине дождот. Сепак, двократната шампионка на „Австралија опен“ немаше такви намери и си замина. - Вие не играте, така да немате идеја какви се условите. Јас сум тука да играм, но ова е апсурдно. Нема да останам тука затоа што се смрзнувам. Осум степени е. Живеам во Флорида и сум навикната на топло време, рече таа. На крајот, двете подоцна го одиграа својот натпревар и Азаренка победи со 6:1 6:2 за нешто повеќе од 1 час игра.

Тагови

Остани поврзан