• четврток, 26 декември 2024

Ажурирана процената на загрозеност на подрачјето на Делчево од сите ризици и опасности

Ажурирана процената на загрозеност на подрачјето на Делчево од сите ризици и опасности
Делчево, 21 април 2020 (МИА) - Изготвена е нова процена на загрозеност од сите ризици и опасности на територијата на Општина Делчево. Ажурирањето, како што информираше денеска Драган Балас од Центарот за управување со кризи, е направено врз база на претходно донесената процена од Советот на општина Делчево во 2018 година, а како најголеми опасности опфатени со оваа процена се опасносите од пожари, поплави и екстремни временски појави.
-Како краен период за ажурирање на оваа процена е земен периодот заклучно минатата година, а сите опасности во посебниот дел се разработени во три дела. Првиот дел е анализа на присутните опасности и ризик, вториот дел се изложените елементи на ризик, тоа се население инфраструктура и објекти. Како трет дел е напомената способноста на системот за управување со кризи за одговор на овие опасности, рече Балас.
Тој напомена дека ажурирањето и процената се прави со цел да се зголеми капацитетот за управување со кризи за одоговор при овие опасности.
-Во однос на пожарите е напомената потребата за набавка на специјално возило за интервенција при појава на шумски пожари, кое е повеќе од неопходно за подрачјето на општина Делчево, а исто така е нагласена набавката на две машини во Јавното комунално претпријатие, со што е зголемен капацитетот на јавното претпријатие за преземање на превентивни мерки согласно нивните оперативни планови, додаде Балас.
Според податоците на Центарот за управување со кризи во 2019 на територијата на општина Делчево имало преку 25 интервенции на пожари на отворен простор како и 13 шумски пожари чија штета е проценета во вредност од над 40 милиони денари, поради што е нагласена набавката на специјално возило за интервенција при шумски пожари. вс/бт/

Остани поврзан