• недела, 28 јули 2024

Аерофлот отпушти шестмина пилоти оти одбиле да се вакцинираат

Аерофлот отпушти шестмина пилоти оти одбиле да се вакцинираат
Москва, 7 септември 2021 (МИА) - Руската авиокомпанија „Аерофлот“ отпушти шестмина пилоти во различни периоди и ги испрати на неплатено отсуство, бидејќи одбија да се вакцинираат против коронавирус, изјави за РБК Максим Демин, портпарол на авиокомпанијата. Тој додаде дека авиокомпанијата вработува 2.300 пилоти. Претходно, претседателот на Синдикатот на авио персоналот на „Шереметјево, Игор Делдужов упати апел до шефот на авиокомпанијата Михаил Полубојаринов да ги отповика наредбите за отпуштање на пилотите. Според него, 84 отсто од вработените во „Аерофлот“ се вакцинирани против коронавирус. „Аерофлот“ заедно со Синдикатот работат на зголемување на платите на летачкиот екипаж. Компанијата вети дека ќе ги зголеми платите на стјуардесите, а исто така бара решенија за зголемување на платите на пилотите. паг/    

Остани поврзан