• петок, 27 декември 2024

Аеродромот Хитроу во април очекува пад од 90 проценти во патничкиот сообраќај

Аеродромот Хитроу во април очекува пад од 90 проценти во патничкиот сообраќај
Лондон, 14 април 2020 (МИА) - Лондонскиот аеродром Хитроу, еден од најпрометните во Европа, предвидува дека бројот на патници во април ќе се намали за повеќе од 90 проценти, бидејќи огромен број луѓе не можат да патуваат поради ограничувања на слободата на движење воведени поради пандемијата на коронавирусот. Останатите 10 проценти од патниците, или околу 680.000 луѓе кои се очекуваат овој месец на аеродромот Хитроу, ќе бидат Британци кои се враќаат дома од странство, или странски државјани кои ја напуштаат Велика Британија во нивните матични земји, како и медицински работници кои патуваат за да помогнат во кризата. Во денешното соопштение на аеродромот се наведува дека бројот на патници во март паднал за 52 проценти во однос на истиот месец лани. Како што се прецизира, бројот на патници што биле опслужени во март 2019 година изнесувал 6,5 милиони, а во март годинава достигнал едвај 3,1 милиони . Аеродромот, кој е во сопственост на група инвеститори, вклучувајќи ги шпански Феровиал, Катар инвестмент државниот фонд и корпорацијата Чајна Инвестмент, исто така информира дека сега користи само една од неговите две писти. Хитроу претходно постигна договор со 76.000 вработени за намалување на платите за 10 проценти и помалку отворени терминали за да ги намали трошоците за работење. На акционерите неодамна им беа исплатени 100 милиони фунти (125,5 милиони американски долари) дивиденда, што беше договорено во февруари пред влијанието на кризата со епидемијата да стане толку големо. јт/

Остани поврзан