• четврток, 26 декември 2024

Аеродромот Схипхол најави мерки за сузбивање на бучавата

Аеродромот Схипхол најави мерки за сузбивање на бучавата

Хаг, 4 април 2023 (МИА) – Аеродромот Схипхол во Амстердам најави намалување на бучавата до крајот на 20254 година, што предвидува и откажување на приватни и ноќни летови.

Од аеродромот најавија дека сакаат да ги прекинат сите ноќни и приватните летови најдоцна до крајот на 2025 година, а исто така планира постепено да ги укине бучните авиони како што е Боинг 747.

Холандската национална авиокомпанија КЛМ соопшти дека е изненадена од одлуката на аеродромот Схипхол во Амстердам за намалување на бучавата.

КЛМ, чијшто матичен аеродром е Схипхол, објави дека претпочитале таквите мерки да беа преземени по консултации.

- Како сектор, би сакале заеднички да осмислиме дополнителни мерки за намалување на емисиите на ЦО2 и бучавата. Заедно можеме да дојдеме до алтернатива која ќе има широка поддршка од сите страни и од тие причини е ефикасна, се наведува во соопштението на КЛМ. ми/

Остани поврзан