Аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид се стекна со Ниво 2-акредитација за управување со јаглеродни емисии на аеродроми
- - Ова значи дека аеродромот во Охрид воспоставил јасни и мерливи цели за намалување на емисиите и од Опсег 1 и од Опсег 2, кои вклучуваат емисии од потрошувачката на енергија на самиот аеродром, греењето, ладењето и возилатата во сопственост на аеродромот. Клучните иницијативи што придонесуваат за постигнување на ова ниво се - транзиција на возниот парк, зголемување на уделот на опрема за копнена поддршка на батериски или хибриден погон, оптимизација на потрошувачката на енергија, користење обновливи извори на енергија и инвестирање во инфраструктура за полнење на електрични возила (EV), унапредување на управувањето со отпад, програми за ефикасно користење на водата, обуки на персоналот и иницијативи за подигање на свеста со цел вградување на одржливоста во секојдневното работење, како и формирање комитет за одржливост за надзор и управување со еколошките ризици и обезбедување дека намалувањето на јаглеродните емисии останува стратешки приоритет, се вели во соопштението од „ТАВ Македонија“.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.