• четврток, 26 декември 2024

Аеродромот во Тирана за два месеца го користеле над 10 илјади македонски државјани

Аеродромот во Тирана за два месеца го користеле над 10 илјади македонски државјани

Тирана, 17 март 2024 (МИА) - Се поголем број македонски државјани ги користат услугите на меѓународниот аеродром во Тирана, од каде моментно може да се патува на повеќе од 100 дестинации. Тоа го потврдува и бројката од над 10 илјади македонски државјани кои пристигнале или отпатувале кон некоја од многубројните дестинации.

-Патувам за Абу Даби, во посета на мои блиски. Летот е директен исто како и за Дубаи, каде сум патувала претходно. Од Скопје не е така, вели дебранка, која не го крие задоволството и од услугата на вработените.

Официјалноте податоци покажуваат дека овој аеродром  се повеќе го користат и граѓани од Црна Гора и Косово. Во прите два месеца, регистрирани се 42 илјади косовски и 20 илјади црногорски државјани. 

-Под раководство на „Кастрати Груп“, единствениот акционер на Меѓународниот аеродром во Тирана и во соработка со Управата за цивилно воздухопловство, интензивно се работи за да се одговори на растечките барања на патниците и во исто време постојано да се зголемува опсегот на дестинации, информираат аеродромските власти. вт/лв/

Фото: МИА

 

 

 

Остани поврзан