• четврток, 28 ноември 2024

АД ЕСМ денеска треба да достави понуда на тендерот на ЕВН Хоум

АД ЕСМ денеска треба да достави понуда на тендерот на ЕВН Хоум

Скопје, 28 ноември 2024 (МИА) – АД ЕСМ денеска треба да достави понуда на тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за количините и цената по која ќе му ја продава електричната енергија по 1 јануари 2025 година.

Токму од оваа цена најмногу зависи и крајната цена во сметките што ќе ја плаќаат потрошувачите на регулираниот пазар на електрична енергија од 1 јануари идната година.

Во моментов ЕСМ на универзалниот снабдувач му ја продава струјата по 60 евра за мегават час и задоволува 100 проценти од потребите на ЕВН Хоум. Од Владата во неколку наврати најавија дека новата цена по која ЕСМ ќе ја понуди струјата по 1 јануари ќе биде од 58 до 62 евра за мегават час. Одлуката за цената веќе е донесена завчера на затворена седница на Владата. вј/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан