• среда, 25 декември 2024

АД ЕСМ дел од Energy Week 2023 Western Balkans

АД ЕСМ дел од Energy Week 2023 Western Balkans

Скопје, 19 октомври 2023

Директорот на развој и инвестиции во АД ЕСМ, м-р. Виктор Андонов вчера беше дел од Energy Week 2023 Western Balkans и даде свое излагање на тема, „100% од миксот од обновливи извори на енергија е можен за Западен Балкан“, заедно со преставниците на Европската Банка за Обнова и Равој и Европската инвестициска Банка.

Директорот Андонов ги презентираше проектите кои се однесуваат на изградба на фотонапонските електрани во РЕК Битола и РЕК Осломеј, и истите се подржани од меѓународните финански инситуции, како што се ЕБРД, ЕИБ, КфВ, Светска Банка и други, при што нагласи дека достапноста до фондовите и финансиските инструменти е најзначајно за успешна енергетска транзиција на земјите од Западен Балкан.

Настанот ги обединува Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово, како и меѓународни финансиски институции и големи мултинационални инвеститори, EPC и консултантски фирми за дијалог насочен кон поттикнување на распоредувањето на обновливите извори на енергија во регионот како и привлекување странски директни инвестиции.

Една од многуте заеднички работи на земјите од Западен Балкан е огромниот потенцијал за сончева енергија и фактот дека тој сè уште е речиси неискористен. Фотонапонската централа „Осломеј 1“ е карактеристична по тоа што е прв проект кај нас од ваков тип, но и пошироко во регионот на југоисточна Европа. Оваа централа значи еден од првите чекори за постепена замена на капацитетите што работат со класични енергенти – јагленот.

Фотонапонската централа во сопственост на АД ЕСМ, а е изградена на поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК „Осломеј“. Со годишно производство од 15 до 17 гигават-часови

Можностите за распоредување на енергијата на ветерот се големи во Западен Балкан и регионот забрзано ги истражува. Прв ветерен парк во Северна Македонија и Западен Балкан е Ветерниот Парк „Богданци“ со кој создаваме зелена и еколошки одржлива иднина и го трасираме патот што води до еколошка трансформација.

 

АД Електрани на Северна Македонија

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан