• четврток, 19 декември 2024

АД ЕСМ: Во март зголемено производството на струја за 36 проценти во споредба со истиот период лани

АД ЕСМ: Во март зголемено производството на струја за 36 проценти во споредба со истиот период лани

Скопје, 11 април 2023 (МИА) - АД ЕСМ во март годинава произведе вкупно 474.967 MWh електрична енергија, што како што информираат, е зголемување од 36 проценти во однос на март 2022 година кога се произведени 350.359 MWh и исполнување од 104 проценти на планот за производство на електрична енергија за март кој изнесувал 458.796 MWh.

АД ЕСМ од јануари до март годинава, се вели во соопштението, има произведено 44 проценти повеќе електрична енергија споредено со истиот период лани, и дури 61,8 отсто повеќе од истиот период во 2021 година.

- Зголеменото производство на електрична енергија во Државните електрани на Северна Македонија, овозможи ЕСМ Продажба значително да ги намали набавките на струја на берзите. ЕСМ Продажба која набавува електрична енергија за снабдување на болници, училишта, јавни комунални претпријатија, дел од производствените капацитети и останати договорни органи во државата, во март месец оваа година не набави електрична енергија, туку во целост ги задоволи сите субјекти од домашното производство на АД ЕСМ, се вели во соопштението од АД ЕСМ. 

АД ЕСМ, информираат од компанијата, во екот на грејната сезона ги стави во функција сите расположливи производствени капацитети со цел зголемување на домашното производство, успешно справување со енергетската криза без ниту еден ден рестрикции и, како што велат, е насочена кон овозможување на предуслови за стабилизирање или намалување на цената на струјата. аа/нд/

Фото: АД ЕСМ

Остани поврзан