• четврток, 26 декември 2024

Адмиралот на НАТО, Роб Бауер во официјална посета на Босна и Херцеговина

Адмиралот на НАТО, Роб Бауер во официјална посета на Босна и Херцеговина
Сараево, 18 јули 2022 (МИА) - Адмиралот на НАТО, Роб Бауер ќе биде во официјална посета на Босна и Херцеговина од денеска до 20 јули. Меѓу другото, планиран е и состанок со претставници на Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина. Како воен советник на генералниот секретар и Северноатлантскиот совет, адмиралот Бауер е највисок воен офицер на НАТО. Претходно, тој ја посети Хрватска и нагласи оти за нив, многу е важна стабилноста на регионот на Западен Балкан и наоѓањето мирни решенија за несогласувањата што постојат, објави Аваз. бд/зш/

Остани поврзан