• четврток, 26 декември 2024

Администрацијата на Бајден отвора доверливи документи за 11 септември

Администрацијата на Бајден отвора доверливи документи за 11 септември
Вашингтон, 10 август 2021 (МИА) - Американското Министерство за правда повторно ќе ги отвори тајните владини документи за нападите на Ал Каеда на 11 септември 2001 година, со цел на јавноста да и пружи повеќе информации. Одлуката е донесена откако членовите на семејствата на речиси 3.000 жртви од нападот бараа од претседателот Џо Бајден конкретна акција. - Како што ветив за време на мојата кампања, мојата администрација се залага за максимално ниво на транспарентност во рамките на законот и почитување на строгите упатства издадени за време на администрацијата на (поранешниот претседател Барак) Обама, истакна Бајден. Во пресрет на 20-годишнината од нападот, членовите на семејствата на жртвите бараат Бајден да ги декласифицира доверливите документи, за кои тие тврдат дека ќе покажат дека лидерите на Саудиска Арабија ги поддржале нападите. - Од заклучокот на Комисијата 9/11. во 2004 година, беа откриени многу докази што укажуваат дека саудиските владини претставници ги поддржале нападите, се наведува во писмото потпишано од 1700 луѓе и испратено во петокот до Бајден. Саудиска Арабија негира каква билко вмешаност во нападите од 11 септември. На 11 септември 2001 година, оперативците на Ал Каеда со три три патнички авиони удрија во два облакодери на Светскиот трговски центар зградата на Пентагон во Вашингтон. Четвртиот авион, за кој се претпоставува дека бил насочен кон зградата на Капитол, удрил во поле во Пенсилванија. Минатата година, американски судија побара од саудиската Влада да испита 24 сегашни и поранешни функционери, вклучувајќи го и поранешниот американски амбасадор. Во тужбата поднесена од семејствата на жртвите се тврди дека Саудиска Арабија им пружила помош на напаѓачите. ми/

Остани поврзан