• вторник, 24 декември 2024

Администрацијата на Бајден бара итно ослободување на Навални

Администрацијата на Бајден бара итно ослободување на Навални
Вашингтон, 25 јануари 2021 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја повика денеска Русија веднаш да ги ослободи опозицискиот лидер Алексеј Навални и неговите приврзаници, кои се уапсени за време на протестите во саботата во Москва. - Ги повикуваме руските власти да ги ослободат сите приведени поради почитување на нивните права и бараме итно и безусловно ослободување на Алексеј Навални, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки. Претходно, и Стејт департментот во текот на изминатиот викенд побара ослободување на Навални. гт/

Остани поврзан