• четврток, 26 декември 2024

АДКОМ организра вакцинација против Ковид-19 за вработените во јавните комунални претпријатија

АДКОМ организра вакцинација против Ковид-19 за вработените во јавните комунални претпријатија
Скопје, 16 јули 2021 (МИА) - Здружението на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија - АДКОМ, во соработка со Владата и Министерството за здравство, организира вакцинација против Ковид-19 на вработените во јавните комунални претпријатија, кои се негови членки. Вакцинацијата ќе се одвива на пунктовите во Скопје – сала Борис Трајковски, Куманово, Струмица, Штип, Каварадци, Велес, Тетово и Охрид. - Со реализација на оваа иницијатива АДКОМ уште еднаш докажа дека во своето работење пред се своите активности ги насочува во интерес на своите членки, а во време на пандемијата Ковид-19 на прво место е здравјето, велат од здружението. Оотаму апелираат сите вработени во јавните комунални претпријатија (ЈКП) членки на АДКОМ, да се вакцинираат поради сопствена и заштита на блиските, како и за навремено обезбедување на здрава и безбедна вода за граѓаните. сст/сп/

Остани поврзан