Адетокунбо постави антирекорд во кариерата на мечот против Мајами
- Кошаркарот на Милвоки, Јанис Адетокунбо, постави анти-рекорд на првиот натпревар од полуфиналето во Источната конференција против Мајами (104:115).
![Адетокунбо постави антирекорд во кариерата на мечот против Мајами](https://new.mia.mk/index.php/images/20221104185615_big_730x400_6.webp )
Орландо, 1 септември 2020 (МИА) – Кошаркарот на Милвоки, Јанис Адетокунбо, постави анти-рекорд на првиот натпревар од полуфиналето во Источната конференција против Мајами (104:115).
Најдобриот играч на НБА-лигата за сезоната 2018/19, реализира само четири од 12 слободни фрлања, што е негов најлош рекорд во плејофот. На крајот од мечот, Адетокунбо стигна до 18 поени, 10 скока и 9 асистенции.
Вториот натпревар од серијата Милвоки - Мајами ќе се одржи на 3 септември. зс/