• среда, 27 ноември 2024

Адеми: Силно веруваме дека Европскиот фронт со нашите кандидати ќе ја постигне следната победа - плус 20 пратеници

Адеми: Силно веруваме дека Европскиот фронт со нашите кандидати ќе ја постигне следната победа - плус 20 пратеници

Скопје, 3 април 2024 (МИА) - Европскиот фронт синоќа до Државната изборна комисија (ДИК) ги достави листите со носители и сите 120 кандидати за пратеници во шесте изборни единици на Фронтот „Да на Европа, не на Русија“. На изборите на 24 април и 8 мај, Европскиот фронт ќе се натпреварува за секој глас на секој граѓанин, без разлика на етничката припадност. Силно веруваме дека Европскиот фронт со нашите кандидати ќе ја постигне следната победа - плус 20 пратеници, истакна денеска во изјава за медиуми Арбер Адеми.

-Во првата изборна единица носител на листата ќе биде Блерим Беџети, додека по него Илир Хасани, Хатиџе Топали, Наим Бајрами, Мунир Колашинац, Бесарта Алија, Шевал Нуредин, Имран Велија, Дренуше Граждани Шурлани, Фарук Авдиу. Во втората изборна единица, носител на листа Садула Дураку, следен од Скендер Реџепи Зејд, Дијана Тоска, Елми Азири, Бастри Бајрами, Фатима Османовска, Берат Ајдари, Висар Дурак, Флора хајдари Муслиу, Семра Каришиќ, информираше Адеми.
 
Во Третата изборна единица носител на листа е Сулејман Баки, а во Четвртата изборна единица - Енвер Хусеин.
 
Во Петтата изборна единица носител на листа е Зијадин Села следен од Муса Џафери, Арбана Пашоли, Исмаил Јахоски, Фехми Скендер, Премтиме Зулали Делиај, Мевмед Халили, Арјета Ала, Ален Деаровски, Јетмир Ајредини.

Во Шестата изборна единица, предводи главниот архитект на Европскиот фронт, Али Ахмети, следен од првиот премиер Албанец - Талат Џафери, потоа по ред се Илире Даути, Мендух Тачи, Рина Ајдари, Бејџан Илјас, Илир Демири, Салих Мурат, Фатмире Исаку, Мерита Мустафаи, Ајранит Хоџа, Арта Билали Зендели, Атнан Незири, Емир Сулејмани, Артина Ќазими, Шпреса Лутфија. Џемиле Салији, Валон Асани, Валдет Џафери и Фатон Ахмети. 
 
Европскиот фронт, нагласи Адеми, силно ја поддржа Програмата и заедничката кауза - најбрза можна интеграција на Северна Македонија во Европската Унија и спречување на руските политики и влијанија во земјата и пошироко.
 
- Уставни измени, евроинтеграции, добрососедство, бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупција, економскиот рамковен договор, се клучните зборови на заедничката програма. Силно веруваме дека Европскиот фронт со нашите кандидати ќе ја постигне следната победа - најдлабоката победа што е забележана досега или накратко кажано плус 20 пратеници. Покажавме дека оваа држава може да ја води, но и многу добро и подобро да ја менаџира и еден Албанец. Тоа го докажа и претседателот на Собранието, актуелен премиер на Северна Македонија,  Талат Џафери, истакна Адеми.

Тоа се докажа, како што додаде, со „извонредната дипломатија на државата кога со Министерството за надворешни работи раководи Бујар Османи". Тоа ќе се случи и по 8 мај, кога, според него, претседател на државата ќе биде Бујар Османи.
 
- Во наредниот мандат не очекува многу работа. Кандидатите за пратеници на Европскиот фронт се личности кои докажаа дека со љубов, посветеност и со голема одговорност ги извршуваат своите обврски, задачи и водат грижа за граѓаните и државата. Ги повикуваме сите граѓани на државата, без разлика на нивната етничка припадност, да го поддржат Европскиот фронт и идниот претседател Бујар Османи. Да ја поддржиме каузата „Да на Европа, не на Русија“, која донесе длабоки промени во земјата – полноправно членство во НАТО, економски развој и подобар живот за сите. Нека биде успешен нашиот прогресивен пат, рече Адеми. бд/ев/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан