• четврток, 26 декември 2024

Адеми од Куманово: Пописот се спроведува, од први април почнува теренското попишување

Адеми од Куманово: Пописот се спроведува, од први април почнува теренското попишување
Куманово, 11 март 2021 (МИА) -Секогаш е време за дијалог и консензус помеѓу политичките партии, партиите треба да се концентрираат на формалните и неформалните средби во Собранието, ДУИ секогаш поддржувал дијалог, без оглед на форматот, изјави пратеникот и координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието, Арбр Адеми од Куманово, одговарајќи на новинарски прашања. - Секогаш е време за дијалог, за консензус помеѓу политичките партии, но останувам на ставот вчерашен, треба уште повеќе, уште поодговорно да се концентрираме на формалните и неформалните координативни состаноци кај претседателот Џафери, бидејќи се работи за парламентарни политички партии, за кочење на работата и функционирање на Собранието и мислам дека Собранието е местото каде што би требало да се елиминираат сите разлики за евтини политички поени од неодговорни парламентарни политички партии. Но, секако, како политичка партија секогаш сме поддржувале дијалог без оглед на форматот и без оглед на тоа кој свикува одредена средба одредена, рече Адеми. Пописот се реализира, во моментов се попишува дијаспората, а од први април почнува теренското попишување, рече Адеми, одговарајќи на новинарски прашања, нагласувајќи дека треба да се почитуваат законите. - Од први април и теренски и тука ќе се реализира пописот. Ние зборуваме за позитивно законско решение, позитивен законски акт кој е во сила, кој е усвоен и кога се донесува одреден закон треба силно и одговорно да се испочитува, изјави Адеми. ам/нд/

Тагови

Остани поврзан