• петок, 27 декември 2024

Адеми: Неопходно е почитување на Бадентеровото мнозинство за да имаме функционални институции и демократијата на дело

Адеми: Неопходно е почитување на Бадентеровото мнозинство за да имаме функционални институции и демократијата на дело

Скопје, 3 мај 2024 (МИА) - Потпретседателот и пратеник на ДУИ и коалицијата „Европски фронт“, Арбер Адеми по денешната дебата „Бадентер суштината на еднаквоста“ истакна дека неопходно е консеквентно почитување на Баденетеровото мнозинство за, како што рече, да имаме функционирање на институциите и демократијата на дело.

-Намерата за инсталирање на овој механизам и инструмент точно со Охридскиот рамковен договор било за да нема мајоризација, надгласување на мнозинството врз немнозинските заедници. Оваа дебата е уште еден настан која ја организираме во смисла на подигнување на јавната свест околу сите овие штетни наративи кои се употребуваат од опозицијата. Бадентерот не може да се уништи. Меѓутоа, што значи Бадентер? Бадентер имплицитно утврдува дека застапеноста на волјата на немнозинската заедница не може да остане занемарлива. Значи, може да имате влада со 61 пратеник, но во исто време да имате Бадентер за потоа да не се жалиме дека институциите не функционираат и не одат напред реформските процеси, рече Адеми.

Тој нагласи дека начинот на гласање на новата влада е предвиден со Уставот и доследно ќе бидат применети уставните одредби.

-Начинот на гласање на Владата е предвиден во Уставот. Така што, ќе има доследна примена на одредбите на Уставот. Ние, како политичка опција сме заинтересирани да продолжиме со нашите активности во убедување на граѓаните дека сме вистинската опција за преточување на нивната волја во конкретни политики за подобро утре за сите, рече Адеми.

Одговарајќи на новинарско прашање како ќе постапат доколку ВМРО-ДПМНЕ не коалицира со победничката албанска партија, Адеми истакна дека за тоа прашање воопшто не се загрижени.

-Воопшто не сме загрижени за ова прашање. Уште еднаш ќе потенцирам, за нас како политичка опција во фокусот е нераскинливото партнерство со граѓаните. Победата на “Европскиот форнт“ ќе биде уште поголема на 8 мај, бидејќи Албанците знаат да ги казнат сите оние кои заради власт седат во туѓ скут. За нас е многу важно кого ќе поддржат граѓаните. Затоа, се трудиме и даваме се од себе да бидеме на услуга на граѓаните и да се бориме за каузата на граѓаните, а не за каузата на која било македонска политичка партија, рече Адеми. фф/вг/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан