• недела, 01 септември 2024

Адеми закрепна од повредата, подготвен за реваншот со Виљареал

Адеми закрепна од повредата, подготвен за реваншот со Виљареал
Виљареал, 14 април 2021 (МИА) – Македонскиот фудбалски репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми, ќе му помогне на својот тим на во реванш четвртфиналниот натпревар против Виљареал во Лига Европа, откако закрепна од повредата на ногата, соопшти негвоиот клуб спроти утрешниот меч во Шпанија во кој хрватскиот првак влегува со негатива од 0:1. - Адеми е здрав, расположен и подготвен, изјави вечерва тренерот на Динамо, Дамир Крзнар. Настапот на Адеми беше доведен во прашање по повредата на првенствениот натпревар против Локомотива, но македонскиот репрезентативец денеска без проблеми го одработи последниот тренинг пред реваншот против Виљареал. ег/ар/

Остани поврзан