• среда, 25 декември 2024

Адел сподели како точно се изговара нејзиното име

Адел сподели како точно се изговара нејзиното име

Лос Анџелес, 3 ноември 2022 (МИА) - Музичката ѕвезда којашто речиси цел свет ја знае како Адел, сподели како всушност се изговара нејзиното име. Поп-пејачката, имено, одговарајќи во нејзино видео за прашања и одговори под наслов „Happy Hour with Adele“, забележа дека една обожавателка го погоди изговорот на нејзиното име.

- Го сакам ова, таа совршено го кажа моето име!, рече британската музичарка, повторувајќи го своето име. Така, се чини, таа никогаш не била Адел, туку - Адејл („Uh-dale").  си/

Остани поврзан