• сабота, 23 ноември 2024

Адел се расплака на настап во Лас Вегас, во прегратка со Селин Дион

Адел се расплака на настап во Лас Вегас, во прегратка со Селин Дион

Лас Вегас, 28 октомври 2024 (МИА) - Адел се расплака на настап во Лас Вегас, откако ја виде и ја прегрна својата легендарна колешка, канадската пејачка Селин Дион, која се повлече од сцената поради болест.

Селин била на концертот заедно со своите синови - 14-годишните близнаци Нелсон и Еди. Додека ја изведуваше песната „When We Were Young“, британската поп-пејачка ѝ пријде на Канаѓанката и ја прегрна со солзи во очите. Специјалната посетителка, исто така расплакана, го прифати поздравот на својата 20 помлада колешка-музичарка.

Поп-ѕвездите се запознале пред неколку години, токму во американскиот „град на гревот“. Емотивниот миг е снимен и објавен на „Икс“. 

По 10 концерти во Минхен, Германија, Адел се врати во Лас Вегас за да ги заврши обврските, по што следи долга пауза којашто самата Британка ја најави.

- Воопшто немам никакви планови за нова музика... Сакам голема пауза после сѐ ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи некое време, изјави таа претходно за „ЗДФ“.

Сѐ тоа, зашто ѝ недостигал животот пред славата, како што вели Адел.  си/ссм/

Фото: „Икс“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан