• сабота, 23 ноември 2024

Адвокатите Бланч и Такопина: Трамп беше фрустриран, нервозен и депримиран, но ова нема да го обесхрабри

Адвокатите Бланч и Такопина: Трамп беше фрустриран, нервозен и депримиран, но ова нема да го обесхрабри

 Њујорк, 4 април 2023 (МИА) – По завршувањето на првото рочиште од судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп по обвинението за филсификување деловни книги и заговор, неговите адвокати Тод Бланч и Џозеф Такопина, пред судот изјавија дека „денеска е тажен ден за нашата земја, затоа што на поранешен претседател му се суди за политичко прашање“.

-Вие не го очекувате ова во оваа земја, не очекувате ова да му се случи на поранешниот претседател, рече адвокатот Бланч.

Запрашан како се чуствувал експретседателот во судницата кога го слушнал обвинението адвокатот Бланч изјави „што мислите, како се чувствуваше? Беше фрустриран, вознемирен и разочаран“. Но, додаде, дека поранешниот претседател „нема да биде обесхрабрен од ова“.

Адвокатот Такопина изјави дека тие како одбрана биле „ изненадени што немаше докази“.

Правниот тим на Трамп беше запрашан од мноштвото новинарски екипи и зошто екс- претседателот во неговата денешна електронска порака упати навредливи зборови за судијата и неговото семејство.

Американската телевизија Ен-би-си наведе дека во судницата Трамп, наводно, бил предупреден од судијата Хуан Мерчан за тоа што го кажува и објавува на социјалните мрежи.

Попладнево, пред почетокот на судењето, Трамп од својот дом во кулата „Трамп“,  го обвини судијата и неговото семејство дека се „мразачи на Трамп“.

Следното рочиште на судењерто на Трамп е закажано за 4 декември. сд/

Остани поврзан