• четврток, 19 декември 2024

Агуеро ќе пропушти 2,5 месеци поради повреда

Агуеро ќе пропушти 2,5 месеци поради повреда
Барселона, 9 август 2021 (МИА) - Напаѓачот на Барселона, Серхио Агуеро се здоби со потешка повреда на потокленицата. Триесет и тригодишниот фудбалер ќе биде надвор од терените околу 10 недели, објави „АС“. Утрово фудбалерот беше подложен на магнетна резонанца, што ја потврди сериозноста на повредата. Првично, медицинскиот штаб на Барселона прогнозираше три до четири недели закрепнување. Поранешниот играч на Манчестер сити минатата сезона одигра само 12 натпревари во Премиер лигата. Причина за долгото отсуство беше исто така повреда. Агуеро се приклучи на Барселона како слободен играч ова лето. зс/

Остани поврзан