• четврток, 19 декември 2024

Агуеро веројатно нема да може да игра за Сити до ноември

Агуеро веројатно нема да може да игра за Сити до ноември
Манчестер, 19 септември 2020 (МИА) - Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро најверојатно ќе остане надвор од терените до ноември. Ова го изјави за Би-Би-Си менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола. Триесет и две годишниот Аргентинец го оперираше коленото во јуни и ги пропушти последните 12 натпревари на Манчестер Сити од сезоната 2019/20. - Знаевме дека станува збор за сериозна повреда. Тој се уште не тренираше со првиот тим и Серхио не е еден од играчите кои брзо се опоравуваат. Тој е надвор од теренот подолго време, па ќе му треба уште еден месец или два за закрепнување, предвиде Гвардиола.

Тагови

Остани поврзан