• четврток, 19 декември 2024

Агуеро би можел да го напушти Сити, доколку Меси се приклучи на тимот

Агуеро би можел да го напушти Сити, доколку Меси се приклучи на тимот
Манчестер, 12 октомври 2020 (МИА) - Голгетерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро би можел да го напушти тимот следното лето доколку неговиот сонародник Лионел Меси пристигне на „Етихад“, пишува британскиот весник „Мирор“. На крајот на сезоната истекува договорот на Агуеро со „граѓаните“ и тој може да го напушти клубот на слободен трансфер. Агуеро има опција кариерата да ја продолжи во италијански Интер, каде се подготвени да му понудат договор на две сезони. Во исто време, договорот на Меси со Барселона истекува на лето и, како и неговиот сонародник, може да премине на слободен трансфер. Како што е познато, Меси ова лето сакаше да го напушти „Камп Ноу“, но управата на Барса одби да го пушти да замине. Меси на крајот се помири со ситуацијата, но неговиот однос со управата остана нерешен и многу е веројатно дека тој ќе ја напушти Барса следната година.

Тагови

Остани поврзан