• четврток, 12 февруари 2026

Агроном од Охрид лишен од слобода, изнесувал марихуана од фабрика за медицински канабис

Агроном од Охрид лишен од слобода, изнесувал марихуана од фабрика за медицински канабис

Охрид, 6 февруари 2026 (МИА) – Шеесет годишно лице од Охрид, вработено како инженер по агрономија во фабрика за одгледување на медицински канабис во Ново Село, општина Дебрца, е лишено од слобода.

Причина за приведувањето е што при претрес на неговото пристојувалиште во Охрид била пронајдена марихуана што тој како вработен неовластено ја изнел од фабриката каде бил работно ангажиран, со цел користење и натамошна продажба.

Пронајдената марихуана е запленета, а лицето е лишено од слобода.

Против него ќе биде порнесена кривична пријава за основано сомнение дека е сторител на кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик и по член 95 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции. аб/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан