• петок, 27 декември 2024

Агнес Каламард именувана за генерален секретар на Амнести Интернешнл

Агнес Каламард именувана за генерален секретар на Амнести Интернешнл
Лондон, 29 март 2021 (МИА) - Французинката Агнес Каламард, експерт за човекови права, е именувана за генерален секретар на Амнести Интернешнл, соопшти денеска организацијата со седиште во Лондон. „Комбинацијата на нејзината интелектуална острина, огромното меѓународно искуство со човековите права и храбриот глас ја прават високо квалификувана за нашето движење“, наведува во соопштението Сара Бимиш, претседател на меѓународниот совет на организацијата. Каламард, која е назначена за четири години, ја наследи привремената генерална секретарка Џули Верхаар. Досега, специјалниот известувач на Обединетите нации за вонсудски и самоволни егзекуции, Каламард ја водеше истрагата за убиството на новинарот Џамал Кашоги во 2018 година. Таа во петокот објави на Твитер дека Саудиска Арабија и се заканува, што кралството го негираше.
Каламард работеше за Амнести Интернешнл од 1995 до 2001 година како шеф на канцеларијата на тогашниот генерален секретар Пјер Сане. Таа водеше истраги за човекови права во повеќе од 30 земји и објави бројни статии за човековите права, слободата на изразување и движењето на бегалците. паг/  

Остани поврзан